Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, прогласи победа против Константин Георгиевски од СДСМ во вториот круг од локалните избори.
Стоматологот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ е првиот кандидат што во вториот круг декларативно прогласи победа.
„Благодарам Охриде!!! Победа“, напиша кратко Пецаков, околу еден час по завршувањето на гласањето во Општина Охрид.
Слично
