Кирил Пецаков по номинацијата за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе ја гледаат иднината во Охрид
Кирил Пецаков откако вчера ВМРО-ДПМНЕ го номинираше како кандидат за градоначалник на Охрид му се заблагодари на раководството на најголемата опозициска партија и најави дека ќе работи за младите да останат во градот доколку победи на локалните избори.
„Охрид мора да блесне со сиот сјај и за мене најбитно, да биде град во кој МЛАДИТЕ ќе ја гледаат својата иднина.
Дојде времето, дојде финалната битка на нашата генерација, битка по која што Охрид, но и Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат, патот на успехот и светлината.
Охрид ќе биде град на сите луѓе, Македонија на сите луѓе!!!
Благодарност на сите за досегашната поддршка, одиме уште посилно и појако до конечен пад на хибридниот режим!!
Благодарност на довербата и укажаната можност на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски!“, напиша меѓудругото Пецаков на Фејсбук.
СДСМ веќе потврди дека актуелниот градоначалник на Охрид, Константин георгиевски, ќе трча за уште еден мандат.
Слично
