„Талир 2“: Божиновски казнет условно, Груевски со шест години затвор
Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски се прогласени за виновни во случајот „Талир 2“ за изградба на „белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ. Имотот на партиското седиште е конфискуван со денешната пресуда, a и партискиот имот низ државата.
Првообвинетиот Груевски, инаку во моментов пребеган во Унгарија, е осуден на казна затвор од 6 години затвор, а на досега неосудуваниот Божиновски, како второобвинет доби алтернативна мерка условна осуда од две години ако не изврши кривично дело.
Тие се прогласени за виновни поради склучување на незаконски договор за пренесување на право на градење помеѓу ДГ Бетон и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за противправно прибавување на имот.
Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе. а судијката е Даниела Алексовска Стојановска,
