ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кире Михаилов: Поради тоа што сум хоспитализиран, одам на присилна пауза додека кажат докторите

Кире Михаилов: Поради тоа што сум хоспитализиран, одам на присилна пауза додека кажат докторите

Кире Михаилов, заменик директор на „Национални шуми“, објави дека неколку дена ќе паузира затоа што мора, поради како што вели тој, исцрпеност од борбата со пожарите. 

Тој морал да прими инфузија и да добие лекарски третман.

„Морам да се поклонам на дечките од хеликоптерите кои со прецизни фрлања го спречија огнот да дојде до нас, а уште повеќе на дечките од МВР Струмица и специјалната единица со пинцгауерите кои заедно лично со командирот Никола на СВР Струмица го направија буквално невозможното. Браво дечки, поклон!

И само да знаете почитувани мои пријатели, воопшто не жалам што сум овде, туку жалам за тоа што после 5 дена лавовска битка, денеска конечно оганот ни излезе од контрола и влезе на територијата на општина Радовиш!

За кратко се гледаме повторно онаму каде ќе бидам најпотребен, рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло, за арно и убаво“,  објави Михаилов.


ad
Слично

Поврзани вести