Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИРЕ ЛАЗАРОВ ЗАЕДНО СО ТИМОТ НА ГОСТИ КАЈ МИЦКОСКИ И РИСТОВСКИ - премија од 50 илјади евра за нашите репрезентативци

КИРЕ ЛАЗАРОВ ЗАЕДНО СО ТИМОТ НА ГОСТИ КАЈ МИЦКОСКИ И РИСТОВСКИ - премија од 50 илјади евра за нашите репрезентативци

Ракометарите од македонската репрезентација, предводени од селекторот Кире Лазаров, денеска беа на гости во Владата, каде беа примени од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски. 
Тие ќе добијат и премија од 50 илјади евра.
„Денеска заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ги примивме македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска.

Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на Ракометарите во висина од 3 милиони денари (околу 50 илјади евра - н.з.), како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести