Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИРАЦОВСКИ ЗА „ТОРТУРА“: Каде што има сила нема правдина

КИРАЦОВСКИ ЗА „ТОРТУРА“: Каде што има сила нема правдина

Каде што има сила нема правдина, го коментира случајот „Тортура“, Александар Кирацовски од СДСМ, но прашува од каде сила кај Сашо Мијалков, екс директорот на УБК кој доби ослободителна пресуда. 

„Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за апсењето на Љубе Бошковски (случај „Тортура") – „Каде што има сила нема правдина“.., само не знам од каде се уште сила во Мијалков. Целата јавност внимателно ги слушаше аудиоснимките кои заедно со контекстот на тогашната ситуација за време на режимското владеење јасно сведочат дека на ден после парламентарните избори 2011 година, Љубе Бошковски беше наместен, уапсен и неправедно осуден поради политичка освета. Треба уште да зрееме како општество штом сметаме дека проблемот со Р. Бугарија е единствената пречка за почеток на преговорите со ЕУ“, пишува тој. 


Мијалков и полициските Алфи се ослободени од обвинение за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Основниот кривичен суд Скопје донесе ваква пресуда со образложение дека обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Дополнително вештачењето врз душевната состојба не покажало дека има психички и кардиоваскуларни проблеми кои траеле неколку дена, настанати како последица од апсењето.

Бошкоски беше апсен во јуни 2011 година пред ресторанот Воденица во Скопје. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести