Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат, јасно е дека губат

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат, јасно е дека губат

На пребројани повеќе од половина од гласачките места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите. Очекувана е победата на Пендаровски во првиот круг.

Предноста на Стево, кандидатот поддржан од сите етнички заедници, ќе значи сигурна победа во вториот изборен круг, во фер и демократска атмосфера-рече на прес конференцијата шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски , Александар Кирацовски.

Тој без да ги набројува местата во кои води кандидатот на СДСМ и коалицијата Заедно напред кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат.

„Јасно е дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот изборен круг.

Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани, Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата“, рече Кирацовски.

Слично

Поврзани вести