Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски сведочеше за нападот на Села: Не спасија само обезбедувањето на Спасовски и на Заев, и Господ

Кирацовски сведочеше за нападот на Села: Не спасија само обезбедувањето на Спасовски и на Заев, и Господ

Влатко Ѓорчев беше удрен со шлаканица, но не се поколеба, изјави денеска пред судот пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, кој се јавува како сведок за обидот за убиство на пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Влатко Ѓорчев, Александар Флоровски и уште неколку лица имале заштитничка улога, односно се обидувале да ја смират топлата која ги напаѓала пратениците на „крвавиот четврток“ во Собранието, рече Кирацовски. 

Тие продолжиле да ја смируваат толпата и откако обезбедувањето испукало неколку истрели. 

„Нѐ спасија само нашата присебност, обезбедувањето на Оливер Спасовски и на Зоран Заев, и Господ“ – кажа Кирацовски.

Села, како што раскажа напаѓачите го удриле со нешто по главата. 

„Во еден момент Села буквално клечеше позади мене. Не можам да потврдам кој точно го фрли тој предмет. Практично тој беше заштитен, но бидејќи е повисок предметот го удри него“ – посочи Кирацовски.

Пратеникот рече дека откако Села бил одвлечен од групата пратеници околу него имало 6-7 пратеници. Кога Села бил извлечен бројот на присутните лица во прес салата се преполовил, а интензитетот на нападите, според Кирацовски, кон другите пратеници освен кон Заев се намалил.

Кирацовски во своето сведочење истакна дека поради лошата прегледност во судница дури отпосле препознал уште еден од обвинетите кој учествувал во извлекувањето на Села од останатите пратеници, посочувајки го Никола Воиновски. Појасни дека тој не видел кој го удира, но посочените обвинети биле во негова непосредна близина.

Слично

Поврзани вести