Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски со честитка до Заев: И другите партиски функционери да ги избира членството

Кирацовски со честитка до Заев: И другите партиски функционери да ги избира членството

Александар Кирацовски, поранешниот генерален секретар на СДСМ, кој во моментов нема партиска функција, по два дена од изборите во партијата, му го честиташе реизборот на премиерот Зоран Заев како претседател.
Поранешниот пратеник побара и другите внатрепартиски функционери да се избираат непосредно, односно преку гласање на членството на централно и локално ниво.
„Сакам јавно да му честитам на старо-новиот Претседател на СДСМ, Зоран Заев, и да го поздравам непосредниот и демократски начин на неговиот избор.

Апелирам и ќе настојувам, секој позначаен избор на општествени и внатрепартиски функционери, особено изборите за кандидати за градоначалници да се избираат на истиот - непосреден начин, затоа што секоја импровизација, скапо не чини, а секој вистински избор е општествен благодет.

Мнозинството сочинето од членовите на СДСМ е доследен репрезент на граѓанското мнозинство, што претставува вистинскиот избор“, напиша Кирацовски.


Слично

Поврзани вести