Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски со честитка до граѓаните по повод празникот Прочка

Кирацовски со честитка до граѓаните по повод празникот Прочка

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во чест на денешниот празник Велики поклади Прочка упати честитка до граѓаните и до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

„ Ви го честитам денешниот празник со желба за добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.  Пораката што ја праќа денешниот празничен ден нè води кон патот на нашето индивидуално и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на едно општество на еднакви граѓани, концепт што носи добро за сите. Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено“, напиша Кирацовски во честитката.

Слично

Поврзани вести