Кирацовски: Скандинавски избори, без инциденти
Имавме скандинавски избори. Покажавме дека имаме демократски капацитет, а тоа го потврдија и институциите што се погрижија изборите да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера, рече Александар Криацовски,шеф на изборниот штаб на Стево Пендаровски консензуалниот претсеателски кандидат. По завршувањето на гласањето за кое смета дека одзивот е околу 42 проценти рече дека очекува и од другите политички фактори – да покажат зрелост, без оглед на резултатите.
Според него, изборите биле фер и демократски, без нерегуларности.
Најави дека очекува присуство на претставници на сите 30 партии што застанале зад Пендаровски во хотелот Хилтон во Скопје каде се чекаат изборните резултати за овој кандидат.
Фото: Телевизија 24
Слично
