Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот
Актуелниот пратеник Александар Кирацовски од владеачката гарнитура најавува тужби за неколку проопзициски медиуми кои што како тврди лиферуваат лажни информации и измислици.
Поранешниот генерален секретар на СДСМ испровоциран од неколку медиуми на социјалните мрежи објави дека истите ќе ги тужи обвинувајќи ги за груба лага и клевета која, потенцира лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија.
„Фамозната "хациенда" е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија“, пишува Кирацовски.
Меѓудругото, пратеникот потенцира дека практиката на ширење на лаги на дрзок и безобразен начин дополнително го мотивира, како пратеник во републичкото Собрание, да покрене сериозна иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.
