Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацоски му рече на Вељаноски или да работи во интерес на граѓаните или да стане од фотељата

Кирацоски му рече на Вељаноски или да работи во интерес на граѓаните или да стане од фотељата

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацоски денеска во Собранието изјави дека клучот за разрешница е во Трајко Вељаноски.

Тој му се обрати на Вељаноски и рече дека треба или да работи  во интерес на граѓаните или да ја напушти  фотељата. 

„Ако работеше деловнички, зборот на 90% од пратениците ќе им беше одземен, точката ќе беше завршена, ќе изберевме претседател, па дури и нова влада на Македонија“ - вели пратеникот. 

Вељаноски по ова изјави дека нема право да го ускратува правото на говор на пратениците и наведе дека за реплика на говорот на пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ се пријавиле 70 пратеници.

„А за станување од столчето ќе почекате малку, таа желба не ја исполнувам“ - кажа Вељаноски.

Во Собранието осми ден по ред трае конститутивната седница на која треба да се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, затоа што не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. 

Слично

Поврзани вести