Кирацоски: Ако новите министри крадат ќе поднесеме и интерпелација
Пратеникот Александар Кирацоски вети поддршка за владиниот тим кој го предложи мандаторот Зоран Заев, но посочи и дека колку досега била важна заедничката борба за промена на режимот, така ќе биде важна и работата на пратениците за контрола над идната власт.
- Вашата заложба и борба рамо до рамо со сите нас е од голема значење, ви благодарам за вербата. Ние со нашиот иден премиер успеавме да се избориме за слобода и демократија, за подобра економија, повеќе работни места, социјала , подобар живот, образование и здравство. Од денес Македонија врти нов лист, ја пишува новата историја на која сите ние ќе ставиме свој ракопис со добрите дела. Почитувани овој предлог тим го содржи спојот за успех, има знаење, енергичност, храброст, посветеност, лидерост. Ние ќе бидеме и нивни редовни критичари . Недај Боже некој од вас да се дрзне и да стори криминал, ако треба и интерпелација ќе поднесеме, но познавајќи ве вас господине Заев немам сомнежи дека посветено и чесно ќе работите. Покрај мисијата за подобар живот, граѓаните очекуваат и соживот и им е преку глава од поделбите, рече Кирацоски.
На пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им рече дека и за настаните од 27 април може да им биде простено, но тие нема да му простат на нивниот лидер бидејќи веќе сфаќаат во какво црно сценарио се обидел да ги втурне.
