Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинолозите ја расчистија дилемата: На македонска или српска раса припаѓа шарпланинецот кој Вучиќ му го подари на Путин

Кинолозите ја расчистија дилемата: На македонска или српска раса припаѓа шарпланинецот кој Вучиќ му го подари на Путин

Пред да замине дома од соседна Србија, рускиот лидер од колегата Александар Вуќиќ доби неочекуван подарок кој дефинитивно му е слаба страна. 

Путин е познат како обожавател на кучиња, а едно му подари и Вучиќ.

Станува збор за шарпланинец. Фактор ги праша кинолозите, на која раса му припаѓа ова куче а тие ги расчистија дилемите.

-Во Федерацијата за кинологија е дефинирана како двоматична раса, македонска и српска. Нема ништо спорно во тоа што Вучиќ му подари шарпланинец на Путин. Колку е расата наша, толку е и нивна. Шарпланинците кај нас ги има во Овче Поле, на Шар Планина, во Крушево, на Бистра, Маврово. Ние сме ридско - планинска земја, а Србија е повеќе низинска и кај нас овие кучиња ги чуваат стадата“, посочи Кирчо Крстевски, претседател на Кинолошко друштво Тумбак од Куманово.

Не е прв пат Путин да добие вакво милениче за подарок а повеќе детали за темава читајте овде.

Слично

Поврзани вести