КИНЕЗИТЕ УРНАА РЕКОРД: Денот кога потрошија 25 милијарди долари
Купувачите во Кина на „Денот на осамените“, 11 ноември за 24 часа потрошиле 25,3 милијарди долари и со тоа го поставија светскиот рекорд.
На трговските платформи Taobao и Tmall, во склоп на Алибаба - најголемите кинески компании за купување по пат на интернет, за еден ден оствариле купувања од 168,3 милијарди јуани (25,3 милијарди долари).
Тој ден се купени повеќе од 800 милиони производи на домашни и странски брендови, меѓу кои се нашле и електронски уреди, облека, бела теника и друго.
Алибаба во онлајн трговија за 13 часа го собори минатогодишниот рекорд од 18,1 милијарда долари.
Компаниите кои се занимаваат со онлајн трговија, секоја година настојуваат со различни промоции и големи намалување да привлечат што повеќе купувачи.
Најголем конкурент на овој кинески празник е американскиот „Сајбер понеделник“ кој се одбележува по првиот понеделник по Денот на благодарноста и „Црн петок“.
Празникот „Денот на осамените“ го измислиле кинеските студенти во 90-тите години на минатиот век.
