Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите кои со сатар бркаа скопјанец завршија во полиција

Кинезите кои со сатар бркаа скопјанец завршија во полиција

Приведени сe Кинезите кои низ „Лептокарија“ со сатар бркаа скопјанец.

Жител од Скопје вчера во полиција пријавил дека истиот ден во ресторан во трговски центар во главниот град физички го нападнале двајца вработени во ресторанот, инаку кинески државјани.

Нападот се случил по недоразбирање во врска со нарачка на храна.

Еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне скопјанецот, а другото лице фрлало по него со различни предмети.

По преземени мерки, Кинезите се приведени во полициската станица во Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести