Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите ќе градат камп за работници кај Свети Николе

Кинезите ќе градат камп за работници кај  Свети Николе
На површина од 30.000 метри квадратни, во Свети Николе, ќе се гради населба за кинеските работници кои ќе го градат автопатот  Штип – Миладиновце и Охрид – Кичево. Локацијата на главниот камп е кај хотелот Овче поле, а ќе биде опремен со сета потребна инфраструктура за живот на кинеските градежници. Претставниците на кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед“ се сретнаа со локалните власти. Велат дека во  главниот камп ќе бидат сместени 60 инжинери и целокупната логистика од македонските градежни фирми. Според  градоначалникот на  Свети Николе, Зоран Тасев, општината ќе ги обезбеди и сите потребни документи за локацијата за изградба на автопатот до Штип. Вели бенифит ќе има градот од изградбата на автопатот, но и од  присуството на Кинезите во општината. Двата автопати се градат со кредит од кинеската „Ексим банка“ . Тежат 580 милиони евра. Градежните активности, според најавите, почнуваат кон  крајот на февруари идната година.
Слично

Поврзани вести