Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите ќе градат голем град без автомобили

Кинезите ќе градат голем град без автомобили
Во централна Кина, во предградието на Ченгду седум милиони квадратни метри се наменети за еден необичен тип на проект. Тоа е град од 80.000 луѓе, каде нема да се користитат автомобили. "Голем Град" е името на проектот во  урбаниот центар каде  се е дизајнирано за да се ограничи  лошото влијание врз животната средина. Градот ќе произведува чиста енергија, намалување на загадувањето и промовирање на јавниот транспорт во однос на користење на приватни  возила. Овој проект е дело на архитектонски фирми Адријан Смит + Гордон Гил. Авторите истакнаа дека кинеските власти гледаат на проектот како  "Град без автомобили", но тој прекар според архитектите не е целосно точен, бидејќи тие велат дека во овој град сепак ќе се користат автомобили, но нивната употреба ќе биде намалена. Со оваа идеа на фирмите Адријан Смит и Гордон Гил се очекува да се намали потрошувачката на енергија за 48 проценти, потрошувачката на вода за 58 проценти и ќе има 89 проценти помалку загадување, во споредба со вообичаеното.  Освен влијанието врз животната средина "Големиот град"  ќе им овозможи  на жителите и доделување  на станови.
Слично

Поврзани вести