Кинеските вакцини на Синофарм ќе стигнат утре во 5 часот
Нови дози вакцини против коронавирусот утре ќе стигнат во Македонија. Oд Министерството за здравство информираат дека утре во 5.00 часот наутро во Поликлиниката Јане Сандански ќе пристигнат 200.000 вакцини Синофарм кои се купени во директни преговори со производителот.
На настанот присутни ќе бидат министерот за здравство д-р. Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја н.е. Џанг Ѕуо.
Венко Филипче, министерот за здравство, денеска изјави дека по празниците ќе започне имунизирање на населението со можност на ден да има над 10.000 вакцинирани.
Ќе се отворат вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово.
foto freepik
Слично
