Кинеските компании се во тешка финансиска криза
Кинеските компании се во најголемата финансиска криза за последнава деценија.
Вкупно 807 компании се соочуваат со финансиски ризици, а 414 се обвинети за модификација на финансиски извештаи. Кинеските компании се наоѓаат во најтешката финансиска криза во оваа деценија, соопштува Ројтерс, повикувајќи се на истражување на кинеското Министерство за трговија.
Индексот, кој ја следи состојбата на 2 560 компании, се очекува да падне до најниско ниво во последната деценија. Ова ќе биде и најголемиот годишен пад од пет години, се наведува во извештајот на Кинеската академија на меѓународната трговија и економска соработка. Според податоците од истражувањето 807 компании се соочуваат со финансиски ризици. За споредба, минатата година нивниот број бил 179. Во меѓувреме 964 фирми се осомничени за перење пари.
Други 414 фирми се осомничени за фалсификување на финансиски извештаи.
Индексот покажува дека растот на БДП на Кина ќе биде 6,3% оваа година, помал од прогнозираните меѓу 6,5 и 7%.
