КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ЏАНГ ЅУО: Досега вакциниравме 200 милиони граѓани на нашата земја, ама бидејќи имаме 1,4 милијарди луѓе, побарувачката за вакцини се уште е огромна
Амбасадорот на Народна Република Кина н.е. Џанг Ѕуо, при предавањето на 200.000 дози вакцини на Синофарм за земјава, рече дека сплотеноста на земјите при процесот на имунизација значи многу за глобалното справување со оваа пандемија, а со ова се испиша ново поглавје во пријателските односи помеѓу двете земји.
Народна Република Кина во моментов сеуште е во процес на масовна вакцинација, а веќе 200.000 милиони луѓе се вакцинирани и со оглед на тоа што ова е земја со население од 1,4 милијарди жители, сè уште трае процесот на имунизација.
„Денес, пристигнувањето и официјалното доставување на првите 200.000 дози на вакцини Sinopharm против Ковид 19 во Северна Македонија не само што претставува нова пресвртница на солидарноста меѓу нашите земји во борбата против епидемијата, туку исто така напиша и ново поглавје во пријателските односи меѓу нашите два народа. Вакцинацијата е важен чекор во спречување, контрола и пораз на епидемијата. Кина ги прогласи вакцините за глобално јавно добро и се приклучи на програмата Ковакс на СЗО. Кина обезбедува итно потребни вакцини на повеќе од 100 земји и меѓународни организации. Пристигнувањето на кинеските вакцини во Северна Македонија денес го потврдува дејствувањето на Кина во сплотеноста при градење на заедница со цел подобро заедничко здравје за човештвото. Вакцинацијата е важна алатка за контрола и пораз на епидемиите. Кина во моментов е во процес на масовна вакцинација, со повеќе од 200 милиони луѓе вакцинирани. Сепак, како земја со население од 1,4 милијарди жители, сè уште постои голем јаз за постигнување на имунитетна бариера. Побарувачката за вакцини во Кина останува огромна. Како и да е, Кина наоѓа начини да обезбеди поддршка на земјите во неволја, вклучително и Северна Македонија, за заедничка заштита на животот и здравјето на луѓето во земјите. Драго ни е што кинеските вакцини можат да придонесат во напорите за вакцинација на луѓето од Северна Македонија“, кажа Амбасадорот на Народна Република Кина н.е. Џанг Ѕуо.
Слично
