Кинески работник го оставил Дебрца без струја
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Кина и уште еден работник од Охрид кои додека работеле на изградба на автопат, скинале електрични кабли и го оставиле Дебрца без струја.
Кинескиот работник е пријавен за постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“и „несовесно работење во службата“, додека локалниот А.Н.(62) за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
„Двајцата, вработени во градежна фирма, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца, со што предизвикале материјална штета од околу 502.000 денари“, објави МВР.
