Кинески државјанин уапсен на скопскиот аеродром со фалсификувана патна исправа
Сликата е генерирана со помош на ВИ
Полициски службеници уапсиле 48-годишен државјанин на Народна Република Кина на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, откако при влез во државата било утврдено дека приложил фалсификувана патна исправа.
Според информациите од МВР, случајот бил регистриран вчера, 27 април, во 16:45 часот, при редовна гранична контрола на патникот. По лишувањето од слобода, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Од МВР информираат:
„На 27.04.2026 во 16:45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.В.(48) од Народна Република Кина затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека приложил фалсификувана патна исправа. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.“
