„КИНЕШЕ“ КОШУЛИ, СЕ ТРКАШЕ СО ИВАНОВ: Зад Пендаровски застана владеачката коалиција
Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, е заеднички кандидат на партиите од владечаката коалиција за претседател на Северна Македонија.
Ова стана јасно по конгресот на СДСМ, а предлогот на СДСМ, Пендаровски да биде заеднички кандидат, покрај најголемиот партнер во Владата, албанската ДУИ, го поддржале дваесеттина помали коалициони партнери на СДСМ и помалите албански во владината коалиција.
На прес конференцијата за медиуми, премиерот Заев рече дека тоа е историска одлука и дека Пендаровски „ќе биде претседател на сите граѓани подеднакво во Република Северна Македонија“.
-Прв пат во Македонија различните стојат зад ист кандидат. Се обединивме сите повторно, Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Бошњаци и сите други. Стоиме зад натпартиски кандидат-рече премиерот.
Заев додаде дека поддршката на Пендаровски мора да ја потврдат органите на сите партии поединечно. Конгресот на СДСМ на кој беше формализиран претседателскиот кандидат се одржа вчера.
Стево Пендаровски, кој не е формално член на СДСМ, беше кандидат на таа партија на претходните претседателски избори.
На барање на граѓаните на социјалните мрежи: Пенадровски ја скина кошулата и стана Супермен

„Немам дилеми дека битката за името и идентитетот која наводно во наше име ја водат сите овие години на сите меридијани само успешно го покрива нашето стравично пропаѓање во однос на трите стратешки приоритети од витална важност за иднината на Македонија – економијата, демографијата и демократијата“, изјави Пендаровски во едно интервју за Фактор.
Пендаровски неодамна истакна и дека Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.
– Првиот пат тоа беше во 2001 година кога имавме внатрешен конфликт, а само четири години подоцна во 2005 добивме статус кандидат за ЕУ. Вториот пат кога се вративме од работ е мината година кога по 11 години тврд автократски режим, за само една година добивме покана за членство во Алијансата. Сега, една година по упадот во Собранието разговараме Македонија да стане членка на Алијансата и начелно договорен датум за преговри со ЕУ за јуни следната година, оцени Пендаровски.
Потсети дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, имајќи предвид дека околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност, што не е случај со останатите земји аспиранти.
За придобивките од НАТО денес, тој вели дека иако нема закана по територијалниот интегритет на земјава, светот се соочува со друг вид закани како хибридни војни, кибер напади и ефектот од лажните вести што можат да направат прилична штета на економијата во земјата.
– Имаме големи проблеми со тероризмот со верски поттекст, а фокусот е на блкискоисточните војни особено во Сирија, каде пто имаме наши граѓани кои војуваат таму и соработката во рамки на Алијансата во оваа област е многу потребна, рече Пендаровски.
