КИНА НЕ И ОСТАНА ДОЛЖНА НА АМЕРИКА - им врати за електричните возила со санкции за американските воени компании
Кина одлучи да воведе санкции за американските специјални индустриски компании и нивните менаџери за продажба на оружје на Тајван и како одговор на санкциите за кинеските компании воведени за соработка со Русија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
„Кина одлучи да воведе контрамерки против 12 американски индустрии за специјални намени и 10 од нивните највисоко рангирани менаџери“, се вели во соопштението на Министерството.
Во соопштението се истакнува дека САД продолжуваат да му продаваат оружје на Тајван, кршејќи го принципот „една Кина“.
„Покрај тоа, САД продолжуваат неселективно да воведуваат незаконски еднострани санкции за многу кинески компании врз основа на таканаречените фактори поврзани со Русија“, се додава во соопштението.
Извор: Вести.рс