Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кили не сака да му фаќа сеир на Груевски

Кили не сака да му фаќа сеир на Груевски

Актерот Кирил Поп-Христов ја замени улогата на бегалец со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, но засега тој не сака да дава нови изјави, откако во порталот „Улица“ вели дека сака да живее спокоен живот. Не е расположен за давање интервјуа и во моментов е во Австрија, иако непосредно по враќато од својот престој во Јужна Америка беше расположен за изјави и за критика на претходната Влада.

Популарниот Кили беше критичар на автократските политики на претходната власт додека премиер беше Никола Груевски. Беше осуден на затворска казна за одгледување на канабис, а потоа во 2014 одлучи дека не сака да живее во земја со „реакционерна“ власт и со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката „избега“ од Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.

Се врати пред повеќе од една година откако се формира нова влада во Македонија, а во меѓувреме „неговиот“ непријател Груевски беше осуден на две години казна затвор за случајот „Тенк“. Минатиот месец Груевски непосредно пред крајниот рок да се пријави за отслужување на казната избега од Македонија во Унгарија, каде што доби азил.

Засега нема коментар од Кили за замената на улогите, кои се случија за неколку години.


Слично

Поврзани вести