Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИКО ПРЕФРЛЕН ВО СИСТИНА - Граѓаните сплотено донираат, се уште се собираат средства за лекување во Турција

КИКО ПРЕФРЛЕН ВО СИСТИНА - Граѓаните сплотено донираат, се уште се собираат средства за лекување во Турција

Младиот Кристијан Коцев - Кико од карабинското село Долни Балаван е сместен во клиниката „Аџибадем Систина“. 

Малиот борец, чија здравствена состојба се влоши викендов, по апелот на јутуберот Стефан Лазаров, и заеднички напори на сите кои му сакаат добро е преместен во Систина. Таму, како што посочува Лазаров, пренесувајќи информации директно од мајката на Кико, тој добива дополнителни лекови со кои треба да се подобри имунитетот на Кико, за тој да го издржи патувањето до Турција, каде треба да се лекува. 

Дополнително Лазаров на својот Фејсбук профил објави дека во текот на викендот се собрани 20 илјади фунти за помош за Кико, но дека и понатаму ќе бидат потребни донации, за да се собере целата сума за лекување, но и за преносот со медицински авион. 



- 20,000 фунти за неполни два дена, а утре ќе ве известам за другите донации… Со вакво темпо парите ќе бидат брзо собрани, само да се молиме на Господ да му се подобри здравствената состојба за да може да отпатува во Турција…

Македонија никогаш не сум ја видел по сплотена за некого, фала ви❤️ - напиша Лазаров. 

За потесетување броевите за донација на кои граѓаните можат да помогнат се следниве:

A1 - 143 471

Телеком - 143 130

Трансакциска:  Катерина Коцева - Стопанска банка

200004087594930

Малиот Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. За неговото лекување се потреби финансиски средства со кои тој би отпатувал за Турција на лекување.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести