Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киднапирање во Тетово: Ја истепал мајката па ја грабнал ќерката

Киднапирање во Тетово: Ја истепал мајката па ја грабнал ќерката

Осумнаесетгодишна девојка од Тетово вчера е грабната од нејзиниот дома од страна на 38-годишен тетовец кој прво физички ја нападнал нејзината мајка.

Случајот го пријавила 39 годишната Ф.С. мајка на 18-годишната Е.С.

Според полицијата, скопјанката Ф.С со привремен престој во Тетово, околу 19.45 часот се јавила во ПС Тетово. Таа пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот кај неа дома дошол Д.К. од Тетово и насилно ја земал нејзината ќерка Е.С.

Таа се обидела да го спречи во намерата, но Д.К. ја удрил два пати  по главата,по што ја внел девојката во неговото возило и ја однел кај него дома. По преземени мерки, Д.К. и Е.С. биле пронајдени и однесени во СВР Тетово.

За настанот, додаваат, е запознаен и Јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести