Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИДНАПИРАНА ДЕВОЈКА ОД СКОПЈЕ - лицата се уапсени, едниот прво ја следел, а потоа заедно со другите насилно ја внеле во автомобил

КИДНАПИРАНА ДЕВОЈКА ОД СКОПЈЕ - лицата се уапсени, едниот прво ја следел, а потоа заедно со другите насилно ја внеле во автомобил

Четири млади лица од Скопје се уапсени и се сомничат за тешки кривични дела како грабнување и соизвршителство во грабнување. 

Секторот за внатрешни работи Струга објави дека четири лица од Скопје, од кои троја околу 20 години, а едниот 35, грабнале 23 годишна девојка, исто така од Скопје, откако едниот од нив ја следел извесен период. 

Против четворицата е поднесена кривична пријава. 

- ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. 

Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. 

Откако  А.А. ја забележал девојката, извесно време ја следел и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени - се посочува во соопштението на СВР Струга. 

Слично

Поврзани вести