Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киднапирале маж и го однеле кај нотар да им го префрли автомбилот

Киднапирале маж и го однеле кај нотар да им го префрли автомбилот

Скопјани киднапирале маж на патарината кај Глумово. 

Обвинителството отвори истрага против пет лица кои се осомничени дека киднапирале и малтретирале едно лице. 

Тие сакале да го присилат својот автомобил „масерати“ да го префрли на име на еден од осомничените.

На 8 септември околу 22 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, по насоки на првоосомничениот и петтоосомничената, останатите тројца осомничени му го пресекле патот на оштетениот со возило „Ауди А3“ и физички го нападнале. Го удирале  со тупаници и клоци по целото тело.

Насилно го внеле во неговиот автомобил и го однеле на автоплац во селото Кондово во сопственост на првоосомничениот. 

Кога стигнале на плацот четворицата, во присуство на петтата осомничена, продолжиле да го удираат со тупаници, клоци и со каиш.

„Поради наводен долг од 20.000 евра тие го натерале оштетениот да влезе на совозачко седиште во автомобил „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде го присилиле да направи договор со кој неговиот автомобил „масерати“ го префрлил на име на првоосомничениот“, информира полицијата.

Двајца од осомничените се лишени од слобода и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор, а по останатите тројца осомничени сè уште се трага.

Слично

Поврзани вести