Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИДНАПЕРИТЕ НЕ СЕ САМО ДВАЈЦА, ТУКУ ЦЕЛА БАНДА, А РАБОТАТ СО МОЛЧЕЊЕ - таткото на Самоил бара помош

КИДНАПЕРИТЕ НЕ СЕ САМО ДВАЈЦА, ТУКУ ЦЕЛА БАНДА, А РАБОТАТ СО МОЛЧЕЊЕ - таткото на Самоил бара помош

Таткото на киднапираниот Самоил вели дека семејството досега нема никакви информации до каде е истрагата. 

Смета дека киднаперите не се само двајцата кои се приведени, туку дека се работи за поголема банда.

„Досега немаме никакви информации до каде е истрагата. Знаеме дека има приведени двајца што биле учесници во киднапирањето, и имаат притвор од 30 дена. Ама таа банда не е само толку, туку е поголема банда. Тие работат со молчење, не даваат никакви изјави. Ние кажавме дека доколку мојот син се најде и ако некој ни даде точна информација, ќе има парична награда. Досега никој нема кажано каде се наоѓа Самоил, сите молчат“, рече за Сител Таткото на Самоил. 

Бараат помош за пронаоѓање.

Министерот Оливер Спасовски рече дека има информации, но не се откриваат, за да не се наштети на истрагата. 

Слично

Поврзани вести