Кичевскиот суд ја казни босанската пејачка Рамовиќ со 100 евра
Основен суд Кичево по прекршочната пријава која ја поднесе СВР Охрид ја казни босанската пејачка Џејла Рамовиќ и членовите на нејзиниоот придружен бенд со по 100 евра.
Настапот во локалот беше прекинат пред самиот крај во локал во Кичево. Босанската поп пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд од четворица музичари беа приведени на 29 ноември затоа што биле без работа дозвола.
„На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ. Р. (23), како пејачка и К. Џ.(27), Е. П.(25), Ф. Ј. (28) и И. К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево“, кажа Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Тој ни изјави дека за настапот на Рамовиќ во локалот „не е забележно поголемо присуство од регистрираниот број на гости“.
Џејла Рамовиќ е популарна пеачка во регионот, која славата ја стекна по победат во „Ѕвездите на Гранд продукција“ во 2019.
