Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичевски: Во центар ќе се постави Кула за прочистување воздух

Кичевски: Во центар ќе се постави Кула за прочистување воздух

 Со визија за Живот во чист и незагаден Центар за сите денеска кандидатот за советник во Советот на општина Центар, Васко Кичевски информираше за проектите на кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ и кандидатите за советници во општина Центар од коалицијата предводена од СДСМ.

Намалување на загадувањето и зголемување на нивото на хигиена се приоритетните цели во нивната програма.

Кичевски рече дека се предвидени неколку клучни проекти: 

1)  Ќе се продолжи со зазеленување на сите слободни површини што

може да бидат „маалски“ паркови, а воедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување. Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се изврши и целосно реновирање на Урбан парк, кој е целосно запуштен.

2)  Сите дворови на јавните објекти ќе бидат зазеленети, особено оние каде се најмладите.

3)  Во Центар има серизен недостиг на канти за отпадоци. Нашиот план е ова веднаш да се промени со поставување нови канти за отпадоци на сите локации на кои е потребно. Центар мора да почне да го селектира отпадот. За таа цел, ќе бидат поставени контејнери за сортирање на отпадот, за рециклирање на различни облици наотпадоци, како и т.н. „хуманитарни“ контејнери, каде што граѓаните ќе може да гиоставаат старата облека и чевли.

4)  Ќе се формираат комунални патроли односно еден вид комунална полиција на територијата на општина Центар. Планот е во првата фаза тие да ги пријавуваат комуналните проблеми на надлежните лица во општината, а во втората фаза да имаат можност и за изрекување казни на прекршителите, во согласност со правилник кој ќе биде изработен за оваа намена.

Капитален проект кој ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на воздухот во општината според Кичевски е поставување на т.н. Кула за прочистување воздух. 

„Тоа е еден од најреволуционерните патенти за борба против загадувањето на воздухот. Искуствата говорат дека таа придонесува за намалување на загадувањето за неверојатни 70-75 проценти. Кулата, која е висока околу седум метри, ќе биде поставена на соодветно избрана локација во Центар“, рече Кичевски .

Слично

Поврзани вести