Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичевски: Јас не учествував во тепачката

Кичевски: Јас не учествував во тепачката

Директорот на Паркинзи Општина Центар Васко Кичевски вели дека бил само сведок на синоќешната тепачка во кафеана во скопско Дебар Маало во која учествувале негови пријатели од масата на која седел тој.

„Би сакал најостро да ја демантирам оваа информација за било каква инволвираност од моја страна во вчерашниот инцидент кој се случи во ресторанот Дебар Мало. Имено, сакам да ја информирам јавноста дека јас не учествував во инцидентот иако се случи на масата на која што седев. Двајца за мене непознати лица дојдоа во ресторанот и ги нападнаа и повредија моите пријатели. За овој инцидент има и видеозапис како доказ на кој јасно се гледа дека јас бев само сведок на немилиот настан“, вели Кичевски и повторува дека ниту бил нападнат, ниту учествувал во инцидентот.


Додава дека инцидентот е веќе пријавен во МВР и во наредните денови ќе се расчисти случајот и правдата ќе биде задоволена. 

Дека Кичевски, бил нападнат додека бил во кафеана во Дебар Маало, по што настанала општа тепачка, објави СДК.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести