Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичево ќе добие фабрика за производство на биогас

Кичево ќе добие фабрика за производство на биогас

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари ја издаде првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас.

Фабриката ќе се гради во индустриската зона „Иванидол“ во Кичево и се предвидува првично да се вработат 15 луѓе. Инвеститорот е кичевчанец на привремена работа во Швајцарија, кој ќе го гради овој објект од енергетскиот сектор во вредност од над еден милон евра.

Градоначалникот Дехари истакна дека ова е добар пример за сите оние кои сакаат да инвестират во Кичево.

- Оваа инвестиција е плод на нашето залагање и интензивно лобирање во претходниот период. Се надевам дека уште многу инвестици ќе има во иднина, рече Дехари.

Слично

Поврзани вести