Кичевчанка не ја пријавила смртта на мајка си и продолжила да земала пензија
Жена од Кичево не ја пријавила смртта на мајка си и со години ја земала нејзината пензија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ш.(60) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, информира полицијата. Во периодот од 06.09.2011 година до јуни 2018 година пријавената не ја пријавила смртта на нејзината мајка Ј.К. пред надлежните служби, при што во наведениот период од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на сметката на Ј.К. се исплатени 1.655.700 денари. Во наведениот период, пријавената, од банкомати во Кичево, Охрид и Струга, од дебитната картичка на Ј.К. подигнала 729.500 денари и нанела штета на Фондот за пензиско инвалидско осигурување на РСМ.
