Кичевчанецот не е заразен со мајмунски сипаници, потврди Мехмедовиќ
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вечерва за МИА потврди дека кичевчанецот е негативен на мајмунски сипаници.
„Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравке од Битола кој што го води здравствениот надзор“, рече Мехмедовиќ.
Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање.
