Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичевчанец на 52 години почина во сообраќајка, во судир на неговиот автомобил со товарно возило

Кичевчанец на 52 години почина во сообраќајка, во судир на неговиот автомобил со товарно возило

Кичевчанец на возраст од 52 години вчера починал во судир меѓу неговиот автомобил и товарно возило цитроен џампер на млад 29 годишен скопјанец.

„На 22.03.2021 во 18.05 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај крстосницата со влезот за Славеј pланина, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(52) од Кичево. На местото на незгодата починал возачот С.И., a сопатникот од патничкото возило „фолксваген бора“, Д.К.(40) од Кичево и возачот Б.М. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести