Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе
СВР Охрид објави дека вчера полицијата уапсила кичевчанец кој напаѓал случајни граѓани кои ги пресретнувал.
„На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал неколку ученици и вработени, физички нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет.
Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави полицијата.
