Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичеец повикан во полиција поради најновите „бомби“

Кичеец повикан во полиција поради најновите „бомби“

Бизнисменот Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден во случајот „Рекет“ денеска е повикан на информативен разговор во полициската станица Карпош за аудио снимките кои неодамна се појавија на Јутјуб. 

Од 20 јуни до 29 јуни на повеќе канали на Јутјуб (Али Баба Тредичи, Добар човек, Лепливи раце) се појавија аудио снимки на кои се слуша гласот на Кичеец во разговори со адвокатот Васил Димишков, со Бојан Јовановски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Слободанка Алексовска, но и со црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев деновиве на дуелот на ТВ 24 го повика бизнисменот јавно да каже кому и колку пари дал. 

Слично

Поврзани вести