Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кичеец осуден на три години затвор

Кичеец осуден на три години затвор

Три години затворска казна доби Зоран Милевски – Кичеец, како третообвинет во случајот „Рекет“ за примање награда.

Зоран Милевски Кичеец вчера призна вина а денеска ја слушна и пресудата за судскиот процес „Рекет“ . По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.

Судот одлучи да остане во домашен притвор откако претходно ги сослуша аргументите на обвинителствот и одбраната.

При одлучувањето за пресудата судот разгледувал повеќе околности, меѓу кои дека Милевски е семеен човек, татко и сопруг а и се грижи за неговите родители, посебно за татко му кој бил во лоша здравствена состојба. Судот , како што беше посочено го ценел и тоа дека Кичеец досега не е осудуван, не се водат постапки за други дела против него, а судот го ценел и неговото признавање на делото.


„Да виновен сум. Свесен сум за последиците и признанието не го давам под присила“, рече Кичеец при признавањето на вината.

Очекувањата на одбраната беа дека Кичеец ќе добие условна казна. 

-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, рече вчера обвинителката Русковска, пред да се одлучи за казната.

Останатите двајца обвинети во случајот „Рекет“, Катица Јанева и Бојан Јовановски ќе докажуваат пред судот дека не се виновни.

Слично

Поврзани вести