Кичеец на 26 месецов треба да се појави во затвор
Бизнисменот Зоран Милески Кичеец денеска го добил упатниот акт од судија за извршување санкции од Основниот суд Охрид.
Тој на 26 октомври треба да се јави на издржување на затворска казна од три години на која е осуден во предметот „Рекет“.
Но, наместо во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, новиот упатен акт е за затворот во Струга.
Кичеец е осуден за делото примање награда за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште за „Рекет“ на 3 декември минатата година призна вина.
Тој е единствениот во процесот кој ја призна вината.
Во истиот предмет, шоуменот Бојан Јовановски доби 9 години затвор, а екс обвинителката Катица Јанева е осудена на 7 години затвор.
фото МИА
Слично
