Економија, финансии, бизнис

Контакт

КХВ ќе добие нов софтвер за супервизија

КХВ ќе добие нов софтвер за супервизија
Комисија за хартии од вредност (КХВ) ќе добие нов софтвер за развој и имплементација на информатички систем за известување и супервизија. За таа намена Комисијата бара консултант кој ќе развие системот, а за оваа намена намена ќе добие пари за техничка помош од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), известија од банката. Софтверското решение треба да овозможи електронска супервизија и поднесување на податоци и информации од компаниите. Имплементацијата на таквиот софтвер би требало да ги подобри способностите на КХВ за известување и анализа, како и поблиску да се следат капиталните обврски на инвестициските фондови и компаниите што управуваат со инвестициски фондови. Проектот треба да започне во првиот квартал годинава и да трае 12 месеци.  
Слично

Поврзани вести