Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кежаровски: Утре на пладне тргнувам по втор пат да ја истерам правдата на виделина

Кежаровски: Утре на пладне тргнувам по втор пат да ја истерам правдата на виделина

Новинарот Томислав Кежаровски денеска објави дека од утре по втор пат започлнува судскиот процес за неговата поврзаност со предметот „Ликвидација“ во која е обвинет како оддавач на идентитетот за наводниот заштитен сведок во судењето убиството во велешкото село Ореше во 2005, иако потоа истиот сам призна дека сведочел лажно под притисок на полицијата. 

- Утре точно на пладне, во Кривичниот суд во Скопје, тргнувам по втор пат да ја истерам правдата на виделина, една од основните омилени филозофско-рекреативни на народот населен на овие простори, општоприменлива во последните триесетина години. Од делителите на правдата не сакам многу....Сакам само фер и правично судење. Ништо повеќе....Сакам одлуката дали ќе бидам осуден или ослободен од обвинението да се донесе во судот, а не некаде надвор од него, во некоја канцеларија или можеби хотелска соба, објави Кежаровски на ФБ-профил.

Судењето за предметот ,,Ликвидација” почнува од почеток по укинувањето на пресудата од страна на Врховен суд. Највисокиот суд ги укина пресудите за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, а во кој еден од осудените е и новинарот Кежаровски.

Тој првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, а потоа казната му беше намалена на 2 години затвор.  Осуммина лица поврзани со предметот „Ликвидација“ беа осудени за различни кривични дела.



Слично

Поврзани вести