Кети Смилевска до ВМРО-ДПМНЕ: Aко не помагаат, барем да не одмагаат
Keти Смислевска, пратеничка од СДСМ денеска во Собранието изјави дека промените на Уставот нема да нѐ променат како Македонци, но ќе ја променат нашата иднина.
Таа ги повика од ВМРО-ДПМНЕ ако не помагаат, барем да не одмагаат.
Наведе дека и кај нас ќе има избори, а и во Грција, и затоа мора да се искористи моментот.
„Верувам дека секогаш во клучните моменти ја избираме иднината“- вели таа.
Смилевска рече дека треба да се запрашаме што направивме за Македонија во овие 27 години.
Слично
