Економија, финансии, бизнис

Контакт

Керим и директорката со плата од 25.000 недостапни за СЈО

Керим и директорката со плата од 25.000 недостапни за СЈО

Фото: СДК

Поранешните управители на МПМ, Срѓан Керим и Јана Станисављева, инаку позната своевремено по своите приходи од 25.000 евра месечно, се недостапни за Специјалното јавно обвинителство откако истрагата од случајот „Империја“ допрела и до овој тандем.

Како што објави Макфакс, тие не се во Македонија од октомври годинава откако беа повикани на распит во новиот објект на СЈО. 

Керим со авион заминал за Виена, а потоа во Дизелдорф и од тогаш му се губи трагата, додека Станисављева со автомобил го преминала Деве Баир.

Засега СЈО нема да бара мерки за обезбедување на нивно присуство.

Слично

Поврзани вести