Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кембриџ бил против образовната програма. претходната Влада не слушала

Кембриџ бил против образовната програма. претходната Влада не слушала

Министерката за образование и наука Рената Дескоска Треневска на прес конференцијата посветена на отчетот за сработените во првите 100 дена откри дека претходната Влада добила допис од Кембриџ дека Македонија не е подготвена за имплементација на нивната програма за основно и средно образование.

– Една од мерките што ја донесовме во првите 100 дена беше одложувањето на Кембриџ програмата  во средното образование. Веднаш по донесувањето на таа одлука од Кембриџ интернационал, бев информирана дека и тие со свои дописи уште во 2016 година изразиле загриженост за брзањето со воведување на оваа програма во средните училишта и со начинот на избор на учебниците, рече министерката.

Исто така министерката посочи дека сите спорни учебници во кои досега се најдени грешки и проблематични содржини ќе бидат повлечени од употреба и ревизијата ќе продолжи. 

Информираше и дека се подготвува нов закон за високо образование, дека се одобрени нови вработувања на високо образован кадар на државните универзитети, како и вработувања во неколку основни и средни училишта со цел намалување на бројот на ученици во паралелеките.


Слично

Поврзани вести