Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЕЛНЕР СО 15 ГОДИШНО ИСКУСТВО, БАРА ПЛАТА ОД 75 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Во коментари го „распнаа“ - „нека си отвори кафуле сам!“

КЕЛНЕР СО 15 ГОДИШНО ИСКУСТВО, БАРА ПЛАТА ОД 75 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Во коментари го „распнаа“ - „нека си отвори кафуле сам!“

На една до фејсбук групите, анонимен член кој тврди дека е келнер со 15 годишно искуство, побара работа, за која нагласи дека бара плата во висина од 75.000 денари.

Момчето кое стрикно си ги наведе сите услови, потенцираше дека е професионалец, а од идниот газда на кафуле меѓу другото побара и К-15, еден оброк кој тој ќе си го одбере од менито, два дена слободни како и 24 дена одмор.

Поголемиот дел од членовите на групата го исмејуваа заради стриктните правила кои тој ги постави, па со сарказам го советуваа да си отвори самиот кафуле и тој да ги дава истите услови на работниците.

„Со платата и плус напојниците кои што ќе ги добива, тој ќе зима повеќе пари од газдата“, се вели во еден од коментарите.

Многумина застанаа во одбрана на момчето, давајќи му поддршка да истрае во намерата и да ги добие условите за работа што ги сака.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Најчесто пријавувани опсези на нето плати за позицијата келнер се:

  • околу 24.400 денари – 65.000 денари месечно  – опфатено од платниот прашалник во угостителството, каде 10% од најдобро платените келнери земаат над околу 45.000 денари, а 10% од најлошо платените под околу 24.900 денари.

Просечни плати (индикативно) во секторот угостителство и хотелиерство се околу:

  • 35.447 денари месечно како просек за улоги поврзани со келнери/услуги во ресторански сектор.

- Платите значително зависат од:
- искусност и вештини
- вид и големина на објектот (ресторан, кафе, хотел)
- регион (Скопје обично нуди повисоки плати отколку други градови)
- бакшиш/т tips кој често значајно ја зголемува конечната заработка.

За споредба, просечната плата во Македонија во 2026 е околу 55.000 денари (бруто), што покажува дека платите на келнерите често се под националниот просек, особено во помали објекти. 

 


Слично

Поврзани вести