Кекеновски: Најголем дел од македонските политичари се лишени од поимот морал
Професорот Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил пишува дека најголем дел од македонските политичари се лишени од поимот морал.
Моралната одговорност за жал сѐ уште е непознат поим во македонската политика, наведува Кекеновски.
„Како поинаку да го протолкувате молкот на најголемиот број од 32-та члена на ИК и на повеќето од 120-те членови на ЦК на ДПМНЕ за невидениот изборен дебакл. Сите тие имаат фластер на устата кога треба да проговорат пред јавноста за сопствената и одговорноста на партиското раководство, а во разговор со свои блиски, фрлаат дрвја и камења” и говорат за инфантилизам на сопственото партиско раководство. Озборувањето, сплеткарењето и калкулациите зад грб во замена за непонесување на сопствената одговорност е уште поголем неморал“ - пишува Кекеновски. Во постот професорот додава дека оставка и одговорност во политиката поднесуваат само достоинствени и доблесни луѓе.
